Уште една бесплатна игра на Epic Store: Преземете ја одличната MudRunner

Точка

30/11/2020

19:45

3.225

Големина на фонт

а а а

Epic Games не престанува да дели бесплатни игри на својата платформа, а овојпат пристигнува нешто што посебно ќе им се допадне на љубителите на „оф-роуд“ возењето.

Корисниците можат бесплатно да ја преземат MudRunner, видео игра на студиото Saber Interactive – играта ве сместува во седиштето на монструозни теренски возила со задача да се пробиете низ екстремно лошите теренски услови на Сибир.

Играта доби навистина позитивни реакции, благодарение на реализмот со менувањето на ден и ноќ, ограничените информации и напредниот енџин за физика. MudRunner оваа година доби и продолжение наречено SnowRunner каде главното дејствије се одвива во снежни услови.

Играта е бесплатна до 3-ти декември и можете да ја преземете преку следниов ЛИНК.




Спонзорирани линкови

Маркетинг