Заведува и во седмата деценија! Актерката во 62-та година позира во провокативна долна облека

Точка

29/11/2020

13:53

8.853

Големина на фонт

а а а

Поминаа 28 години откако ги прекрсти нозете во еротскиот трилер „Основен Инстикт“ и покажа зошто титулата за една од најголемите заводнички токму неа ѝ е доделена.

Изгледа дека и на 62 години Шерон Стоун нема намера да се откаже од ласкавата титула, а благодарение на добрите гени, уште е кралица на беспрекорниот излед.

Во деколтирано црно боди, отворена кошула и златни штикли Шерон на своите следбеници на Инстаграм им покажа дека уште нема намера да оди во пензија.

„Не само што сум запрепастена, туку сум и благодарна што сè уште се занимавам со моделство и на 62 години“, напишала Шерон под фотографијата и им се заблагодарила на сите кои се ангажирале оваа година.

Фотографијата на која Шерон позира потпрена на софа под портрет од Мерлин Монро, предизвика големо внимание на Инстаграм.

Меѓу првите актерки кои искоментирале била Шерон Озборн, која јасно ѝ дала до знаење дека со фотографијата ја поткрева температурата.

„Апсолутно прекрасна“, „Годините се само бројка, 30-годишните не ти се ни до колена“, „Нема шанси да имаш 62 години“, „Сè уште си ултимативна кралица“, „Ти си легенда“, „Божица“, се само дел од коментарите под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг