Хит видео: Вака изгледа 2020-та година низ објективот на серијата „Пријатели“

Точка

28/11/2020

16:23

2.029

Големина на фонт

а а а

Малку смеа во целата оваа ситуација во која што се наоѓаме изминатиов период би му дошла добро на секого.

Иако веројатно не можевме ниту да замислиме дека пандемијата коронавирус би траела речиси една година, сепак тоа се случи.

Многумина од луѓето ширум светот се заразени, некои од нив заразата ја поминуваат со полесни симптоми, а други за жал не успеваат да победат во борбата со неа, па ги губат своите животи.

Сепак, покрај сето тоа секако дека добро е во ваквите денови да побараме малку хумор и да се забавуваме, па веројатно така и настанала оваа снимка, составена од исечоци од сцени од популарната серија „Пријатели“.

Низ хумористични реплики, претставена е 2020-та година, па така Фиби изјавува дека многу ја мрази оваа година, дека е целосна лудница и дека Чендлер треба да ги мие своите раце почесто.

Џои истакнува дека „внатре е добро, а надвор многу лошо“, дека му недостасува семејството и кафулињата, а Рејчел има своја мака.

Погледнете како изгледа 2020-та година низ објективот на „Пријатели“: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг