Тешка ситуација во Србија: Рекордни дневни бројки на заразени и починати

Макфакс

25/11/2020

16:42

1.484

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа, коронавирусот во Србија е потврден кај 7.579 лица, а 41 лице починале. Во двата случаја, ова се рекордни бројки на дневна основа.

Српските здравствени власти информираа дека направени биле 22.231 тест.

Процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е 34,09 проценти. На респиратор има 223 пациенти. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 1.315. Во болница поради Ковид-19 се 6.597 лица. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 140.608 заразени пациенти, а тестирани се вкупно 1.682.416 лица.

Властите донесоа нови мерки за училиштата. Кризниот штаб одлучи дека средните и основните училишта (само повисоките одделенија), како и факултетите, се префрлаат на онлајн настава.