Премиерот Зоран Заев денеска со својата контроверзна изјава го навлече гневот на македонската јавност, а социјалната мрежа „Твитер“ експлодираше со негативни критики.
Заев во интервјуто за бугарски „БГНЕС“ порача дека Бугарија за време на Втората светска војна не била фашистичка земја и окупатор, туку дел од „антифашистичкиот фронт“ кој ослободувал делови од територијата на Македонија.
„Бугарија не беше фашистичка, Бугарија беше наш пријател“, порача Зоран Заев и ги погази историските факти кои говорат за бројните бугарски злосторства од времето на Втората светска војна, како што е депортацијата на македонските Евреи и масакрот кај Ваташа.
Меѓу другото, Заев порача дека Гоце Делчев треба да ги зближува граѓаните на двата народи кои биле разделени поради почитичарите од времето на поранешна Југославија.
После контроверзното интервју, на социјалните мрежи има лавина на критики, а експлодираше и Твитер заедницата која упати низа на негативни критики.
Смрт на фашизмот, Слобода на народот!
— Зоран Кардула (@ZKardula) November 25, 2020
- тоа е темелот на оваа држава која е формирана пред 77 години. pic.twitter.com/039n86Exdq
Kako si mi @Zoran_Zaev ???? pic.twitter.com/dg43wAFjmP
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) November 25, 2020
Политичарите од поранешна Југославија не држеле разделени од Бугарија!
— Emil Atanasovski (@EmilAtanasovski) November 25, 2020
Дел точно повеќе неточно.1941-1944 НОВ не „разделуваа„ од окупациска војска.
ЈНА 45-90 од сталинисти&железната завеса.
Правилна одлука во двата случаи. Под влијание на Југославија но целосно во наш интерес.
Следно да прифатиме дека ние сме ги депортирале Евреите, а не Бугарите.
— Man (@Goran_Man) November 25, 2020
Уште има живи луѓе кои биле малтретирани од Бугарите. Оди и на нив кажи им дека не биле фашисти. Каков идиот.
— Man (@Goran_Man) November 25, 2020
good luck with the damage control
— Џото (@Giotto_mkd) November 25, 2020
⚠️,,Тргнати се табли со бугарски фашистички окупатор, имало некоја администрација на почеток, но потоа се приклучила Бугарија кон антифашистичкото движење."
— Мојсоска (@Mojsoskata) November 25, 2020
Со други зборови, после 42-та ниту еден масакр не се случил во МКД. Профитерска будала! pic.twitter.com/BMSx5bMIJL
Ок, мислам дека е време на премиерот да му се одземе право на интервју, социјална мрежа и се што следи со тоа. Срамота изјавиве, ја претера..
— complicatedSofi (@ComplicatedSofi) November 25, 2020
Пендаровски не е толку искусен политичар колку што Заев може да излаже.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) November 25, 2020
Да побрзам кај мајка ми, да ѝ го расипам телевизорот да не се шлогира, оти среќа уште ја држи умот па памти како тепала бугарска администрација во Битола. https://t.co/cuqTtJoJ5e
— Goran Mihajlovski (@GMihajlovski) November 25, 2020
Не ми се верува дека пробуваат и Фашизам да изрелативизираат, најголемото зло у историја на човештвото ееееј, нема дно шо не можат да го достигнат.
— Бапчо (@TheFitzzz) November 25, 2020
Се срамам од мојот премиер и од секоја можна негова замена од позиција и опозиција. Нема саглам човек.
— L (@__lence__) November 25, 2020
— Џагдиша (@dzagdisha) November 25, 2020