Бил Гејтс повеќе не е вториот најбогат човек на светот: Неверојатен скок на основачот на „Тесла“ кој на почетокот на годината беше на 35-то место

Точка

24/11/2020

12:26

2.740

Големина на фонт

а а а

Американскиот бизнисмен Илон Маск, основач на „Тесла“, ја круниса годината со вртоглав подем на листата со најбогати луѓе на светот.

Нето богатството на 49-годишниот Маск порасна од 7,2 на неверојатни 127,9 милијарди долари, што е резултат на уште еден скок на цената на акциите на „Тесла“, пренесува „Блумберг“.

Маск оваа година го зголеми своето него богатство за 100,3 милијарди долари, што е најмногу на индексот на милијардери на „Блумберг“ каде се рангирани 500-те најбогати луѓе на светот. Маск на почетокот на годината се наоѓаше на 35-то место.


Од прилика три четвртини од нето богатството на Маск се должи на акциите во „Тесла“ кои вредат чечтири пати повеќе од неговиот удел во компанијата “SpaceX”.

Ова е само втор пат во осумгодишната историја на индексот на „Блумберг“, Бил Гејтс да се најде на пониско место од второто. Основачот на „Мајкрософт“ со години ја држеше првата позиција, пред титулата најбогат човек на светот да му ја преземе основачот на „Амазон“, Џеф Безос во 2017-та година.


Сепак, треба да се истакне дека богатството на Бил Гејтс од 127,7 милијарди долари ќе беше далеку поголемо доколку тој со години не донираше огромни суми во добротворни цели. Само на добротворната фондација која го носи неговото и името на неговата сопруга, од 2006-та година до денес ѝ донираше вртоглави 27 милијарди долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг