Несакани ефекти од носење на заштитна маска: Како да ја заштитиме бариерата на нашата кожа?

Точка

24/11/2020

10:43

5.877

Големина на фонт

а а а

Милиони од нас, секаде во светот, секојдневно носиме маски со цел да се заштитиме од Ковид-19. Ова е една од мерките која апсолутно треба да ја почитуваме и применуваме. Но, секојдневното носење маска може да ја наруши заштитната бариера на кожата и да предизвика несакани последици: иритација, сувост, црвенило, чешање, пецкање, затегнување, акни (маскни). Ова е особено случај доколку веќе имате чувствителна или реактивна кожа подложна кон иритации.

Маската може да создаде или неочекувана реакција на кожата или да ја влоши веќе постоечката патологија на кожата (акни, розацеа, себороичен дерматит, атопичен дерматит).

„BIODERMA“ ја разгледува кожата како жив екосистем кој е во постојана интеракција со надворешната средина. Сепак, кожата на лицето не е навикната да биде покриена со маска. Ова создава полу-оклузивна средина која ги спречува природните надворешни размени (влажноста, кислород, УВ зрачење). Кожата не комуницира на истиот начин со околината. Наместо да биде во контакт со оксигениран воздух, кожата сега е обвиткана во топла и влажна средина богата со јаглероден диоксид поради дишењето. Оваа полу-оклузивна средина може да води кон големи проблеми со кожата поврзани со влажна мацерација.

Несакани ефекти кои маската ги предизвикува на кожата

• зголемување на производството на себум
• зголемување на влажноста на површината на епидермисот
• зголемување на pH на кожата
• зголемување на температурата на кожата
• иритации предизвикани од триење
• сувост или контактен дерматит
• чешање
• видливо црвенило на зоните на триење (осип, розацеа)
• десквамација на носот, образите и брадата (себореичен дерматит)
• маскни – акни предизвикани од носење на маска 


Вашата секојдневна нега за превенирање и третирање на маскни

Хигиената и негата која превенира и третира е вистинско решение за маскните. Наутро и навечер, употребувајте нежен но ефикасен чистач. Користете мицеларна вода или пенаст гел со pH слична со онаа на кожата. Мицеларната вода овозможува да се елиминираат сите остатоци акумулирани под маската во текот на денот, истовремено почитувајки ја бариерната функција на кожата без да ја наруши природната рамнотежа. Мицеларната вода ги елиминира не само нечистотијата и вишокот себум туку и сите видови честички кои се таложат од аеро загадување.


Чекор 1: Чистење
„Sebium H2O“ 

Оваа мицеларна вода е специјално формулирана да обезбеди висока толерантност. Ја почитува физиолошката рамнотежа на кожата.

Чекор 2: Смирува и хидрира
„Sebium Sensitive“ 

Дневна смирувачка и хидратантна нега која ги отстранува лезиите со акни и црвенило, спречува појава на флеки од акни и превенира нивно повторно појавување. Неговата пријатна текстура брзо се апсорбира и моментално остава чувство на свежина и чистота. 


Доколку имате чувствителна или реактивна кожа, бидете сигурни дека користите нежен чистач кој нема дополнително да ја иритира кожата, потоа хидрирајте со цел да ја заштитите кожата од триење на маската, да го обновите хидролипидниот слој и да ја изградите заштитната бариера.

„Bioderma Sensibio“ линијата е идеална за хигиена и нега на иритираната и хиперсензитивна кожа. 

Чекор 1: Чистење
„Sensibio H2O“ 

Ја смирува и длабински ја чисти кожата, со физиолошка pH, наменета е за употреба и за зоната околу очите. Не иритира, не пече и не ја суши кожата - дава чувство на хидратација и свежина.

Чекор 2: Смирува и хидрира
„Sensibio Light“  

Ја негува чувствителната комбинирана кожа. Смирувачка нега која биолошки ја зајакнува кожата и го зголемува прагот на толерантност со што ја прави помалку чувствителна.

„Sensibio Rich“
Ја негува сувата и чувствителна кожа. Смирувачка нега која биолошки ја зајакнува кожата и го зголемува прагот на толерантност со што ја прави помалку чувствителна.


Оваа комбинација е одлична за вашата секојдневна нега во случај на веќе постоечко црвенило, кое е влошено од носењето маска.

Чекор 1: Чистење
„Sensibio H2O“ 

Ја смирува и длабински ја чисти кожата, со физиолошка pH, наменета е за употреба и за зоната околу очите. Не иритира, не пече и не ја суши кожата - дава чувство на хидратација и свежина.

Чекор 2: Смирува и спречува појава на црвенило
„Sensibio AR“ 

Намалува и спречува појава на црвенило делувајки на биолошките фактори одговорни за проширување на крвните садови, моментално го намалува непријатното чувство на топлина.


Чекор 1: Чистење
„Atoderm“ Маслена купка 

Дизајнирана да ја почитува и многу нежно и внимателно да ја чисти чувствителната и многу чувствителната кожа. Хипоалергена, не пече на очи.

Чекор 2: Нега која моментално го смирува чешањето
„Atoderm SOS Spray“ 

Ултра лесна текстура за моментално олеснување и брза ресорпција, ја хидрира и ја штити кожата. Го смирува чешањето за 60 секунди, и превенира чешање во наредните 6 часа.


За да се превенира сувост на кожата предизвикана од носењето маска, чистете го вашето лице со високо ефикасен чистач кој истовремено ќе биде нежен и ќе ја штити бариерата на кожата, употребувајќи умерено топла вода за да не ја иритира заштитната бариера уште повеќе. За нега бидете сигурни дека ја хидрирате кожата со цел да ја заштитите од триење на маската, да го обновите хидролипидниот слој и да ја изградите заштитната бариера.

Чекор 1: Чистење
„Atoderm“ Маслена купка 

Дизајнирана да ја почитува и многу нежно и внимателно да ја чисти чувствителната и многу чувствителната кожа. Хипоалергена, не пече на очи.

Чекор 2: Ултра смирувачки и хранлив балсам
„Atoderm intensive baume“ 

Ултра-смирувачки навлажнувачки балсам помага да се подобри кожната бариера, обезбедувајќи и ја потребната храна. Брзо ја смирува иритацијата и интензивно биолошки ја обновува хидролипидната заштитна обвивка на кожата, долготрајно.

*Комерцијална објава



Спонзорирани линкови

Маркетинг