Голди Хоун во 1983-та година била во врска со актерот Курт Расел кој што го запознала уште кога имала 21 година, но тој имал 16 и сметала дека е премлад за неа.
Таа е позната по долговечната актерска кариера како и завидниот љубовен стаж со колегата.
Голди се прославила со улогата во комичната серија „Rowan and Martin's Laugh In“ која што траела од 1967-та го 1973-та година.
Самата Голди која што била на листите на холивудките секс симболи, никогаш не зборувала за вградување силикони и филери. Освен со својот изглед таа привлекувала и внимание со своето име кое што повеќето го доживуваат како прехар отколку име. Името го добила по својата тетка.
Иако станала успешна актерка, првобитно требало да биде музичка ѕвезда. Имено Хоун пеела кантри музика и во 1972-та година го објавила својот прв албум „Goldie“, а во него имала помош и од пејачката Доли Партон. Но, на крајот ја избрала глумата.
Голди исто така сакала да успее и како танчерка. Имено, таа се занимавала со балет од три годишна возраст.
Инаку таа е мајка на познатата актерка Кејт Хадсон која што ја добила со својот поранешен сопруг, Бил Хадсон.
Со Бил го има и синот Оливер кој што исто така се занимава со актерство, но не успеал да се прослави како својата помлада сестра. Инаку, Хоун од 1983-та година била во врска со Курт Расел, а се заљубиле откако заедно снимале филм. Парот го има синот Вјат Расел кој што исто така се занимава со глума.