Ова е единствениот рецепт за руска салата: Русите ја подготвуваат на малку поразличен начин од нас

Точка

19/11/2020

15:35

6.781

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви го претставиме традиционалниот и оригинален рецепт за руска салата.

Традиционалниот рецепт за руска салата е малку поразличен од оној на кој што сме навикнале да го приготвуваме.

Еве како таа се подготвува во Русија:

Исечкајте 150 грама шунка, 200 грама телешко месо и 100 грама пилешко месо (варено, печено или пржено).

Сварете пет компири, 4 моркови, 1 мала главица карфиол и едно јајце, па исечкајте ги на ситни парчиња.


Излупете 4 мали кисели краставички, па исечјате ги на најситни парчиња.

Додадете 250 грама конзервиран грашок и исечкан магдонос. Помешајте ги со месото, посолете и ставете бибер.

Домашниот мајонез додадете го во целата смеса додека непрекинато мешате.

Ставете ја салатата во сад и уживајте во нејзиниот вкус.

Пријатно јадење!