Трамп се огласи на Твитер: Мичиген одби да ги потврди изборните резултати! Да покажеш храброст е прекрасна работа, Америка е горда

Точка

18/11/2020

10:22

1.720

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп објавил дека Мичиген одбил да ги потврди резултатите од претседателските избори, одржани на 3-ти ноември.

"Мичиген одби да ги потврди изборните резултати. Да се покаже храброст е прекрасна работа. Америка е горда", напишал Трамп на Твитер. 

Потсетуваме, државниот суд во Мичиген ја одбил пред пет дена жалбата на правниот тим на Доналд Трамп кој барал да се прекине со потврдувањето на гласовите во Детроит, каде повеќе гласови освоил Џо Бајден.

Во жалбата пишувало дека дошло до изборна кражба и нерегуларности при гласањето, со барање да се прекине со потврдувањето на гласовите во Детроит и да се повторат изборите.

Во образложението на Судот, округот Вејн го одбил наводите велејќи дека членовите на изборната комисија и набљудувачите добро ја завршиле својата работа.