"Samsung" никогаш не направил нешто вакво: Преседан со новите "Galaxy S" телефони

Точка

04/11/2020

17:24

8.195

Големина на фонт

а а а

Пријатно изненадување веќе на почетокот на годината.

Нешто сериозно протекува во компанијата "Samsung", бидејќи постојано се појавуваат нови вести за следниот "Galaxy S" телефон. 

Минатите неколку седмици можевте да ги прочитате сите детали за "Galaxy S21" и "S21 Ultra", како и за "S21 Plus" моделот. Најновата информација ни открива кога овие телефони ќе бидат официјално претставени, како и нивните датуми на излегување. Информациите кои ги добил, а потоа и проследил Џон Просер, велат дека "Samsung" официјално ќе ги претстави новите телефони на 14-ти јануари.

Истиот ден корисниците ќе можат и да ги нарачаат овие уреди, додека официјалната продажба ќе почне на 29-ти јануари. Во неговата објава на Twitter, Просер јавува дека овие модели ќе дојдат во шест бои: црна, бела, сива, сребрена, виолетова и розова. Сепак, се претпоставува дека "Galaxy S21 Plus" и "S21 Ultra" ќе доаѓаат само во црна и бела боја, за да се задржи впечатокот на премиум уреди.

Просер има добра историја кога станува збор за "протекување на вести за уредите на Самсунг", додека на неговата објава се надоврзал Макс Вајнебах, новинар од "AndroidPolice", кој потврдил дека "Galaxy S21" ќе излезе во јануари.

Треба да се истакне дека "Samsung" никогаш не ја извадил "Galaxy S" серијата на пазарот во јануари, па ова ќе биде своевиден преседан. "Galaxy S20" бил лансиран на 6-ти март оваа година, што е најрано кога станува збор за "Galaxy S" телефоните. Јужнокорејската компанија се уште не се огласила по повод овие гласини.