Тој гениј беше Тито! Ми се допаѓаше Југославија: Вака Џо Бајден ја опишува првата средба со поранешниот претседател на СФРЈ

Точка

02/11/2020

22:36

10.814

Големина на фонт

а а а

"Очекував комунистичко сивило и здодевност", пишува Бајден.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, тогаш сенатор на државата Далавер, се состанал со Тито во Сплит во 1979-та година, по погребот на Едвард Кардељ, на кој бил како член на американската делегација.  

Во своите мемоари со наслов "Promises to keep" со нескриени симпатии зборува за југословенскиот претседател, додека за Југославија исто така зборува пофално.

"Од 1945-та до 1980-та Јосип Броз Тито владееше со Југославија со личност, одлучност и ефикасна тајна полиција. Итриот стар комунист ја одржа заедно етнички и религиски помешаната федерација", објаснува Бајден.и продолжува:

"Беше потребен одреден гениј за да се одржи таа мултиетничка федерација заедно, а тој гениј беше Тито".


Заедно со Аверил Хариман и американскиот амбасадор во Југославија, Лоренс Иглбургер, се состанал со Тито во неговата сплитска вила, иако Тито првобитно ја одбил средбата за да не ја навреди другата страна, односно Москва, во склоп на политичката еквидистанца наспроти западниот и источниот блок.

Бајден многу пофално пишува за политиката за неврзаност на Тито, додека сметал дека состојбата во Југославија била далеку подобра отколку во другите комунистички земји.

"Веќе почна да ми се допаѓа Југославија, не беше тоа што го очекував. Очекував комунистичко сивило и здодевност", пишува Бајден и објаснува дека Загреб и Сплит, кои тогаш успеал да ги посети, воопшто не биле такви.

"Загреб беше прекрасен и чист, со градби од хабсбуршката ера, а луѓето возеа пристојни автомобили и облека со вистински бои", пишувал Бајден.


За Сплит Бајден исто така зборува афирмативно. Таму добил впечаток дека на луѓето им е добро, а како и во Загреб, "возеле пристојни автомобили".

"Постоеше чувство кое го немате во другите земји зад железната завеса", објаснува Бајден.

Престојот во Југославија го натерал тогаш 37-годишниот сенатор да заклучи дека комунизмот не е "голем монолит кој е ист во секоја земја".

"Постоеше простор за лично изразување во Сплит, постоеше отвореност и капитализам внатре во системот. Луѓето водеа ресторани и продавници како приватни претпријатија", наведува Бајден.

Со Тито, Бајден, Иглбургер и Хариман зборувале за односите на Југославија и СССР, а Бајден добил впечаток дека Тито го мрази Сталин