Почина Шон Конери: Тајниот агент 007 замина во легендите

Точка

31/10/2020

15:15

4.912

Големина на фонт

а а а

Популарниот британски актер Шон Конери, кој што ќе остане запаметен по улогата на тајниот агент „007“, денеска почина на 90-годишна возраст.

Тој во целиот свет ќе остане запаметен по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд 007 од серијалот книги на Ијан Флеминг. Конери, Бонд го глумеше дури во 7 филмови.

За своето актерско остварување доби и Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси, потсетуваат од „BBC“, а на филмското платно тој глумеше со најзгодните светски убавици.

Него го сакавме и поради улогите во други филмови, како: „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс“...

Инаку, него кралицата Елизабета го прогласи за витез во 2000-та година, а во август оваа година го прослави својот 90-ти роденден.

Почивај во мир легендо на Холивуд!




Спонзорирани линкови

Маркетинг