Зградата се сруши како да е од картон: Морничава снимка ја прикажува јачината на земјотресот кој ги погоди Турција и Грција

Точка

30/10/2020

16:47

7.112

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес денеска го погоди грчкиот остров Самос, а потресот се почувствува од Атина до Истанбул.

Сепак, се чини дека најпогоден од земјотресот е турскиот град Измир. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер е на 17 километри од турскиот град кој претрпе сериозна материјална штета, а веќе пристигнуваат информации за првите жртви.

Според турските власти, досега се пријавени четири жртви и 120 повредени само на територијата на Измир, а за жал, се очекува бројот да расте.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како зграда се руши за само неколку секунди. Зградата може да се види дека е видно оштетена, веројатно од првиот најсилен земјотрес, а потоа се руши во потресот на следните три помали земјотреси од 4,1, 4,2 и 4,8 степени по Рихтеровата скала.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Солју потврди дека во Измир се срушиле шест згради, меѓутоа, неофицијално, локалните медиуми од турскиот град пренесуваат дека се срушени најмалку 20.



Спонзорирани линкови

Маркетинг