Лампард избра седум најдобри играчи против кои играл и одговори на прашањето кој е подобар: Роналдо или Меси

Дерби

29/10/2020

12:10

2.297

Големина на фонт

а а а

Френк Лампард по сигурната победа на гостувањето во Русија кај Красондар одвои време да одговара на прашања поставувани од фановите.

Лампард во сесијата организирана од Хјундаи даде одговор на неколку интересни прашања, а вниманието го задржа она вечното прашање, кој е подобар: Роналдо или Меси.

Тренерот на Челси го избра Лионел Меси поради неговиот природен талент кој го поседува, но нагласи и дека Кристијано е феноменален фудбалер.

– Ќе го изберам Меси затоа што тој поседува природен талент, но тоа што го направи и Роналдо е навистина неверојатно, - изјави Лампард.

Стратегот на „сините“ потоа беше натеран да состави тим од седум фудбалери против кои му било најтешко да игра.

Место во оваа листа имаше за најголемите ривали со кои Лампард се соочил во својата играчка кариера која претежно ја мина на Островот, но во составот преовладуваа играчи со кои тој се соочувал во Лигата на шампионите.

– Би рекол Нојер, Рио (Фердинанд), Стивен Џерард, Зидан, Роналдињо, Меси и Роналдо, - заклучи Лампард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг