Ким Кардашијан многу 'скромно' го прославила роденденот: Изнајмила цел луксузен, приватен остров, а од гостите побарала...

Точка

28/10/2020

20:55

4.809

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан наполнила 40 години и роденденот го прославила како да нема проблеми.

Ким напишала дека се чувствува благословено и дека својот роденден го прославила 'скромно' со семејството и пријателите.


Ова не била обична прослава, бидејќи била антипандемична роденденска забава со голем број луѓе кои се собрале на приватниот остров кој Ким го изнајмила за потребите на забавата.

Имено, Ким барала сите да се тестираат и да бидат во карантин пред роденденот.


„Ги изненадив своите пријатели и семејството. Ги однесов на приватен остров за да заборават на проблемите и се однесувавме нормално“.

Ким напишала дека пред Ковид-19 не сфаќала колку пријателствата и 'ситниот луксуз' се важни.

„Танцувавме, пливавме со китови, гледавме филмови на плажа и уште многу други работи. Во овие моменти се чувствувам понизно и скромно, бидејќи знам колку сум привилегирана“, напишала Ким.


Корисниците на социјалните мрежи веднаш се потсетиле на познатата снимка на која Ким плаче бидејќи ја загубила дијамантската обетка во морето и реакциите на нејзините сестри поради големиот проблем.

„Ким, луѓето умираат“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг