Експресна реакција на МОН по контроверзната реченица во еден од учебниците за основно образование: Повлечен учебник за 5-то одделение, а следи и нов Закон за учебници

Точка

28/10/2020

16:12

5.368

Големина на фонт

а а а

Министерство за образование и наука (МОН) го повлече учебникот за петто одделение по Македонски јазик од неколку причини, меѓу кои и дискриминација и стереотипи.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“, велат од МОН.

Оттаму информираат дека се подготовува целосно нов Закон за учебници, со кој ќе се надминат стереотипни и дискриминаторски содржини, кои се недостатоци во овој сегмент од образованието.


Соопштението на МОН следи по реакциите на родителите дека во учебникот по македонски јазик од шесто одделение има несоодветна содржина, како на пример реченицата: „Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“. Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е одобрен во 2011-та година, автори се Снежана Велкова и Соња Јовановска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг