„Ако те изнервира жена ти, изброј до 15 пред да ја заколеш“: Текст во учебник по македонски јазик предизвика бура во јавноста

Точка

28/10/2020

14:47

16.671

Големина на фонт

а а а

Во учебникот по македонски јазик за шесто одделение се наоѓа текст насловен „Три добри совети“ кои треба да ги подучи децата како да бидат трпеливи.

Но, еден извадок од текстот кој е пренесен како народна приказна особено ја разбесни македонската јавност, а истиот гласи: 

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.


„При анализа на текстот, го прашав детето што научи од овој текст, а одговорот беше очекуван: ‘ако те изнервира жена ти, изброј до петнаесет пред да ја заколеш’“, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Автори на учебникот по македонски јазик се Снежана Велкова и Соња Јовановска, а истиот е одобрен во 2011 година и продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година.


Рецезенти се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова, сите потпишани како професори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг