Таа е една од омилените дами во Холивуд, а нејзиниот љубовен живот секогаш интригира – ја препознавате ли?

Точка

28/10/2020

16:34

4.008

Големина на фонт

а а а

Актерката која што ја обожуваат сите денеска го прославува својот 53-ти роденден, а важи за една од најубавите, најталентираните, а без сомнеж и најпопуларна во Холивуд.

Популарната холивудска актерка Џулија Робертс, денеска го слави својот 53-ти роденден. Оваа славна дама е една од најгласните и најомилени актерки во светот на глумата, а може да кажеме дека се прослави со улогата во филмот „Pretty Woman“.


Во својата кариера таа беше номинирана повеќе пати за различни престижни награди, а Оскар доби за улогата во филмот Ерин Брокович.

Робертс имаше и неколку љубовни врски со свои колеги, како што се Лијам Нисон, Џејсон Патрик, Кифер Сатерленд и Метју Пери.


Во 1993-та година таа се венчала со пејачот на кантри музика Лејл Ловет, но се развеле само две години подоцна.

Вториот сопруг Џулија го запозна во 2000-та година на снимање на филм, а со него се венчала во 2002-та година откако сфатиле дека се создадени еден за друг.

Денеска Џулија и Даниел имаат три деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг