Фотографија од Хрват со маска стана вирална: „Па, човекот носи маска, ги почитува мерките“

Точка

26/10/2020

15:10

6.496

Големина на фонт

а а а

Од почетокот на глобалната пандемија имаше разни решенија за задолжително носење на маските, а некои брзо се проширија на интернетот.

Една фотографија од човек од Хрватска е доказ дека луѓето и понатаму бараат креативни замени. Објавата на мажот кој на маската има дупка, предизвикала многу реакции, откако била споделена на Фејсбук страницата „Дневна доза просечен Далматинец“.

Реакциите биле поделени - додека едни го осудуваат, други го поддржуваат.

Neš, viruše!!

Posted by Dnevna doza prosječnog Dalmatinca on Петок, 23 октомври 2020

„Не, вирусе!“, пишува покрај фотографијата која има повеќе од 2.000 лајкови.

„Баш ме насмеа, а и неговата фаца... Сè е регуларно“, „Овој е 100% луд“, „Па, човекот носи маска, ги почитува мерките“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг