Филипче за Амди Бајрам: „Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба“

Точка

24/10/2020

15:56

9.687

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека поранешниот пратеник Амди Бајрам кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба пропратена со други хронични болести.

На новинарското прашање дали смртта на Бајрам има некаква поврзаност со свадбата на неговата внука која се одржа во Турција, Филипче одговори дека сѐ уште нема подетални информации за тоа. 

„Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации“, изјави министерот.

Поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам почина денеска на 64-годишна возраст. Веста за смртта ја потврдија од неговата партија, додавајќи дека тој починал во клиниката „Жан Митрев“ по проблеми со срцето.

Бајрам имаше проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг