Со нетрпение се очекува дебатата во пресрет на изборите: Еве за што ќе зборуваат Трамп и Бајден

Точка

22/10/2020

11:40

1.086

Големина на фонт

а а а

После минатомесечната, можеби и најхаотична дебата во модерната историја на земјата, актуелниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот ривал од таборот на Демократите, Џо Бајден, вечерва ќе ја имаат завршната дебата.

Првата дебата ја одбележаа упаѓањата во збор на двајцата кандидати, а највпечатлив беше испадот на Бајден кој на крајот на Трамп му рече да замолчи.

Планираната втора дебата не беше одржана затоа што Доналд Трамп беше позитивен на коронавирусот и доби да учествува на виртуелна дебата. Наместо тоа, Трамп и Бајден одговараа на различни прашања на одвоени настани кои беа одржани во исто време.

Вечерашната дебата започнува во 21 часот по американско време, а ќе се одржува во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси. Тоа ќе биде последната дебата „очи во очи“ на двајцата кандидати во пресрет на изборите кои ќе се одржат на 3-ти ноември.

Дебатата ќе трае 90 минути и ќе биде поделена во шест сегменти од по 15 минути, при што секој од кандидатите ќе има по две минути за воведен збор за секоја тема и нема да биде дозволено упаѓање во збор. Доколку дојде до тоа, ќе биде исклучен микрофонот.

Модератор на последната дебата ќе биде дописничката од Белата куќа за "NBC", Кристен Вокер.

Таа ги објави шесте теми за кои Доналд Трамп и Џо Бајден ќе дискутираат, а тоа се: Битката со коронавирусот, американските семејства, расизмот во Америка, климатските промени, националната безбедност и лидерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг