[ФОТО] „Нашето ново бебе“: Убави вести од Скопската Зоолошка градина, добија принова – бебе двогрба камила

Точка

29/04/2024

13:11

1.242

Големина на фонт

а а а

Убав сончев априлски ден, понеделник. Во пролет секогаш се случуваат убави нешта, па така и оваа вест од Скопската Зоолошка градина ни измами насмевки и топлина во срцата.

Имено, на нивниот официјален „Фејсбук“ профил беше објавено дека нивното големо семејство од животни, сега е побогат за уште еден член. Станува збор за двогрбата камила од фамилијата Бактријан.

Нашето ново бебе ❤️

Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Sunday 28 April 2024

„Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи.

Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови.

Да ни е жива и здрава“, стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.


И би пролет.


Фото: Горан Анастасовски



Спонзорирани линкови

Маркетинг