Запознајте го „семејниот“ Koenigsegg Gemera со 1,700 КС

Точка

21/10/2020

20:40

2.769

Големина на фонт

а а а

Koenigsegg Gemera е „семеен“ хиперспортски автомобил со неверојатни 1,700 коњски сили.

Gemera е првиот четворосед на оваа компанија, а Koenigsegg го нарекува Mega-GT модел.

И покрај подолгата каросерија која овозможува во автомобилот да се сместат четири лица, малку има компромиси, па така се задржани специфичните врати кои се отвораат нагоре како кај двоседите на шведскиот производител.

Gemera добива сила од plug-in хибридниот погонски систем од дури 1,700 коњски сили и 3,500 Nm максимален обртен момент.

Интересно е тоа што во срцето на системот е twin-turbo 2.0-литарски троцилиндарски бензински мотор, на кој му помагаат три електромотори. Троцилиндарскиот мотор испорачува импресивни 600 коњски сили и 600 Nm максимален обртен момент, а преостанатите 1,100 коњски сили ги генерираат електричните мотори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг