„Ко си бевме млади и убаj. Ти остана и млад и убав... “: Познатите со емотивни објави за 13-годишнината од смртта на Тоше Проески

Точка

16/10/2020

21:41

13.838

Големина на фонт

а а а

На денешен ден пред 13 години, пејачот Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, на 26-годишна возраст.

Фановите на Тоше и неговите пријатели денеска на социјалните мрежи споделуваат негови песни во знак на сеќавање на музичката легенда. 

Актерката Весна Петрушевска преку емотивен статус ја сподели болката која се уште ја чувствува и по 13 години:

„Како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот...се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил... колку беше убав, колку беше убав таа вечер... изморен, смирен, насмеан... ми кажа уште нешто таа вечер...🖤🖤🖤 те сакам, недостасуваш... врне и сега ... како и оној понеделник ...“, напиша Петрушевска на својот Инстаграм профил.

„Ко си бевме млади и убаj. Ти остана и млад и убав... Вечна ти слава Тошка!“, напиша Игор Дурловски на Твитер.

Еден ден пред 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше, хрватскиот пејач Тони Цетински сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

„13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Цетински.


На човекот со огромно срце и музичарот со невиден талент се потсетија и многу други познати личности како Игор Џамбазов, Андријана Јаневска, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Дац и Александар, Тијана Дапчевиќ, Калиопи, Каролина Гочева...



Life's a dream, we are dreaming.

Непребол. 💔

Posted by Andrijana Janevska on Friday, October 16, 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг