„А1он“: Комисијата за заразни болести размислува за нова вонредна состојба и полициски час

Точка

15/10/2020

17:20

7.275

Големина на фонт

а а а

Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравне - Скопје и член на Комисијата за заразни болести, за „А1он“ изјавил дека Комисијата ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час.

„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, изјавил директорот Стојанов.

Тој додава дека исто така е можно распустот на учениците да започне во ноември и да трае до март идната година. Дури постои опција и целосно да се затворат училиштата, градинките, угостителските објекти и сите други објекти во кои има собирања, а можно е пак да биде одлучено да не се оди на работа.


Целата вест прочитајте ја на „А1он“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг