Точка ТВ: Ова е приказната за Гај Фокс, човекот чија маска денес е симбол за протест и бунт против системот – „Анонимус“

Точка

05/10/2020

21:00

2.545

Големина на фонт

а а а

Маската „Анонимус“ денес е еден од најпрепознатливите симболи за протести. Но, дали го знаете нејзиното изворно потекло?

На 5-ти ноември ширум светот биле одржани демонстрации на активистите, движење познато како „Анонимус“, кое што се залагало за слобода на говорот.

Искривените црни веѓи и мустаќи на насмеаното бело лице, тој ден можеле да се видат на секој чекор.

Маската Анонимус денес претставува еден од најпознатите симболи за бунт и отпор против системот, како и против неправедниот режим, а приказната за Гај Фокс кој што стои зад таа маска всушност е приказна за неправдата која што на почетокот на 16-ти век ја доживеале католиците во Велика Британија.

Имено, во тоа време било опасно да бидете католик, а семејствата кои што не сакале да ја сменат својата вера биле протерувани од домовите.

Во такво опкружување растел Гај Фокс кој што подоцна се приклучил кон војската каде што служел со години, во периодот од 1595-та година.

На почетокот на 1604-та година тој почнал да се состанува со група млади англиски католици на чело со Роберт Кејтсби.

Сите тие сметале дека прогонувањето на католиците потекнува од кралот Џејмс и дека сè ќе се реши со неговата смрт.


Тие почнале да смислуваат завера против него која што била позната како „Барутна завера“ во која што соработниците под британскиот парламент сокриле голема количина барут со која што сакале парламентот да го кренат во воздух.

Меѓутоа заверата била откриена од страна на властите преку анонимно писмо, па потоа дел од заговорниците биле прогонети и осудени, а дел од нив успеале да избегаат.

Денес Гај Фокс е симбол за отпор на властите, а неговиот лик се прикажува преку маската „Анонимус“ - борба и отпор со властите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг