Пристигнаа резултатите: Џо Бајден е негативен на коронавирус

Точка

02/10/2020

19:30

1.135

Големина на фонт

а а а

Демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден, и неговата сопруга Џил се негативни на коронавирусот.

Тие ова утро направиле тест на коронавирус, по сознанието дека претседателот на САД, Доналд Трамп, заболел од Ковид-19, пренесува „CNN“. 

„Среќен сум што можам да објавам дека јас и Џил сме негативни на Ковид-19. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка. Се надевам дека ова ќе ви служи како потсетник: носете заштитни маски, одржувајте социјална дистанца и мијте ги рацете“, навел Бајден на Твитер.


Истата вест ја соопштил и неговиот лекар, Кевин О'Конер.

„Потпретседателот Џо Бајден и д-р Џил Бајден денеска беа подложени на ПЦР тестирање на Ковид-19 и вирусот не беше откриен. Го известувам ова во својство на потпретседателот Бајден и неговата сопруга“, порачал докторот.


Бајден денеска требаше да отпатува за Мичиген. Тој претходно му посака на својот противкандидат и актуелен шеф на државата, Доналд Трамп, брзо закрепнување од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг