Таа ја донела короната во Белата куќа: Еве која е фаталната советничка од која Трамп никогаш не се одвојува!

Точка

02/10/2020

17:45

7.721

Големина на фонт

а а а

Доналд и Меланија Трамп се тестирале на коронавирус откако позитивна била најблиската соработничка на Трамп, Хоуп Хикс (32).

Како што пренесуваат странските медиуми, Хоуп не се занимава со политика, не ја интересира тоа, но, секако, таа е личноста во која Трамп има најголема доверба и ја извршува функцијата директор за комуникации во Белата куќа.

Упатените тврдат дека таа е вистински експерт за комуникација.

Татко ѝ е регионален извршен директор на познатата американска PR компанија „Ogilvy Public Relations Worldwide“, а од 2010-та до 2015-та година бил извршен директор на американската Национална фудбалска лига.

Хоуп пораснала во Гринич, Конектикат, каде завршила средно образование. Во слободно време била модел, а снимила една реклама за „Ralf Loren“ и се појавила на насловната страница на списанието „The It Girl“, во 2005-та година.


Дипломирала англиски јазик во 2010-та година, а оттогаш нејзината професионална кариера молскавично тргнала кон Белата куќа.

Првата работа ја добила во њујоршката група „Зено“, но во 2012-та година се преселила во „Хилчик Стратеџис“, откако што на Супер Боул го запознала сопственикот на фирмата.

Веднаш почнала да работи за неговата клиентка Иванка Трамп и нејзината модна линија, а наскоро и на други настани кои ги организирало семејството Трамп.

Била толку квалитетен кадар што Доналд Трамп во 2015-та година ѝ предложил да биде негова секретарка за медиуми, кога еден ден ќе започне кампањата за претседател на САД. Ветено - исполнето. За време на кампањата, таа им ја отворала вратата на новинарите кои сакале да го интервјуираат Трамп. Се разбира, не во буквална смисла. Дневно одговарала на повеќе од 250 мејлови, донесувајќи одлука кои репортери ќе разговараат со него, а кои не.

Во декември, 2016-та година, објавено било дека ќе стане дел од администрацијата на Трамп во сосема нова улога, која претседателот ја креирал само за неа - директорка на стратешки комуникации во Белата куќа.


Само еден месец после именувањето, магазинот „Форбс“ ја сместил меѓу '30 под 30', бидејќи била единствената жена која раководела со историската претседателска кампања на Трамп.

Не е баш јасно зошто никогаш директно ниту јавно не комуницира со новинарите. Нејзината речитост јавноста ја видела само еднаш, кога Трамп ја претставил како своја блиска соработничка, непосредно пред инаугурација.

Хоуп се насмеала и на цел глас извикала во микрофонот: „Среќен Божиќ на сите и Ви благодарам Доналд Трамп!“.

Често со големо воодушевување и почит зборува за својот шеф. Некои дури зборуваат дека се однесува како заљубена тинејџерка.

А за тоа дека помеѓу Трамп и Хоуп има некаква 'хемија', некои забележале поради неговиот посебен однос кон оваа помлада дама. Па така, некогаш ја нарекува 'Хопи' и 'Хопстер', па сега со овие прекари ѝ се обраќа и пред останатите вработени во Белата куќа. Други тврдат дека кон неа е многу повнимателен отколку кон Првата дама.

За тоа сведочат и ситуациите како оние со инаугурацијата, кога Меланија ја 'заборавил' во автомобилот и сам тргнал кон поранешниот претседател Обама и неговата сопруга Мишел.

Оттогаш, слични инциденти се повториле неколкупати.

Хоуп не се одвојува од Трамп ни на момент. Нивните кабинети се еден до друг, а заедно одат и на службени патувања, каде таа го следи секој негов чекор.

Инаку, шест години се забавува со шефот на кампањата на Трамп, а кога била именувана за шефица на кабинетот во Белата куќа, веднаш ја прекинала таа врска, поради, како што рекла, многу обврски.


Нејзината горда мајка Кеј Ен, ѝ препорачала еден ден да напише книга за своето искуство со Доналд Трамп, на што ќерката мистериозно ѝ одговорила 'Никогаш не се знае'.

Трамп на Хоуп ѝ доверил уште една одговорна работа - да ги запишува неговите твитови и да му ги диктира на лицето кое ги објавува. Во тоа некогаш не е најуспешна, па ако ништо друго, успева да насмее милиони луѓе на социјалните мрежи ширум светот.

Покрај непостоечката функција, Трамп на својата Хоуп ѝ доделил соодветна плата - околу 15.000 долари месечно.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг