[ВИДЕО] Автомобил излета во Вардар на патот Рашче – Сарај: Возилото е извлечено, пронајдени три тела

Точка

02/01/2025

20:34

3.688

Големина на фонт

а а а

Попладнево, на патот Рашче-Сарај, покрај реката Вардар, се случи тешка сообраќајка.

Автомобил излетал од патот и завршил во реката, информираат за Алсат полициски извори. Според неофицијални информации, во возилото бил постар брачен пар, еден од нивните синови и снаата.

Петтиот сопатник, 5-годишно дете, било пронајдено од случајни минувачи и со нивна помош е пренесено во болницата 8 Септември во Скопје.

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, информираат од ЦУК.

Потрагата по четвртото лице продолжува, информираат од ЦУК.Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.