Драматичен почеток на годината: Азиските берзи во пад, еден пазар особено на удар

Точка

02/01/2025

20:11

774

Големина на фонт

а а а

На првиот ден од новата година цените на акциите паднаа на повеќето азиски берзи, а особено беа погодени кинеските пазари. Индексот “MSCI” на азиско-пацифичките акции во седум часот утринава беше намален за 0,5 отсто, додека минатата година порасна за повеќе од 7 отсто. Во исто време, ситуацијата на берзите во Европа и Америка беше позитивна, додека цените на акциите во Шангај и Хонг Конг паднаа за повеќе од два отсто, пренесува “Reuters”.

Падот на кинеските берзи е предизвикан од послабите од очекуваните економски показатели, што го потврдија и податоците за “PMI” индексот на индустриска активност. Ваквите податоци укажуваат на забавување на растот на втората по големина светска економија и покрај бројните мерки преземени во земјаа.

Пазарите се загрижени поради најавата на американската централна банка дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки, а на ситуацијата не помогна ниту неодамнешниот говор на Трамп во кој најави зголемување на царините за увоз на кинески стоки.


Повеќе причини за загриженост

„Многу е необично што декември не беше позитивен за акциите. Тоа е загрижувачко затоа што ако пазарите не одат нагоре кога треба, тоа значи дека има повеќе причини за грижа“ вели Тони Сајкамор, аналитичар во “IG”.

Сикамор тврди дека падот на кинеските берзи, освен со економските показатели, е условен и од тоа што Доналд Трамп наскоро ќе ја преземе функцијата од Џо Бајден. Уште од предизборната кампања Трамп го најавуваше претходно споменатото зголемување на царините за увоз на кинески стоки, поради што расте ризикот од трговска тензија меѓу САД и Кина.


„За да се избегне дополнително забавување на економскиот раст, кинеските власти ќе мора да воведат нови стимулативни мерки“, тврди Јингруи Ванг, економист на “AXA Investment Managers”, пренесува “Dnevno.hr”.