Ангела Меркел изјави во Брисел дека европските лидери сметаат дека е потребно што побрзо да се воспостави прекин на огнот во регионот Нагорно-Карабах.
По состанокот на лидерите на ЕУ, Меркел рече дека разговарале за разгорување на борбите меѓу Азербејџан и етничките ерменски сили во регионот Нагорно-Карабах.
Таа посочи дека прекинот на огнот е единствениот начин за мирно дискутирање за решавање на тој комплициран проблем.