Безбедносните камери снимија две Лада автомобили како без оштетување крстарат низ улица додека околу нив се водат борби помеѓу азербејџанските и ерменските сили.
Конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан трае речиси една седмица, а двете страни секојдневно објавуваат видеа на кои се гледа како уништуваат тенкови, хеликоптери, дронови и слично.
Се верува дека околу илјада луѓе досега го загубиле животот во судирите, а Ерменија објавува видеа на кои може да се види како азербејџанските сили напаѓаат и градови и села со цивилно население во спорниот регион Нагорно-Карабах.
Во оваа снимка, за разлика од останатите, нема жртви и повредени, а снимката стана хит и поради тоа што два Лада автомобили успеваат да го избегнат огнот на азербејџанските сили без поголеми оштетувања.
На снимката може да се види како во близина на автомобилот кој проаѓа, паѓа азербејџански проектил, но автомобилот продолжува да вози како ништо да не се случува.
Неколку секунди подоцна низ истиот пат поминува уште една Лада која исто така не е оштетена и продолжува да крстари по патот.
Artillery of #Azerbaijan Army is now targeting towns & villages of #Armenia in #Artsakh/#NagornoKarabkh. Watch artillery round hitting next to a civilian car in street. This is how #Azerbaijan Army which is being commanded by #Turkish Generals is trying to terrorize civilians. pic.twitter.com/av0h6EExyB
— Babak Taghvaee - Μπάπακ Τακβαίε - بابک تقوایی (B) (@BabakTaghvaee1) October 1, 2020