УЕФА ги прогласи најдобрите поединци во Лигата на Шампионите

Точка

01/10/2020

19:23

1.839

Големина на фонт

а а а

Во текот на извлекувањето на групите во Лигата на Шампионите, УЕФА по традиција ги прогласи и најдобрите поединци за минатата сезона. Очекувано, доминираат фудбалери на Баерн Минхен, новиот шампион на Стариот континент.

Мануел Нојер без дилеми ја заслужи наградата за најдобар голман. Во финалето против Париз Сен Жермен се истакна со неверојатни одбрани, а и во текот на целата сезона генерално бранеше на врвно ниво. Како во најдобрите денови. 

По повредата на Бенжамин Павар пред завршниот турнир во Лисабон, на местото десен бек во Баерн прекомандуван бил Џошуа Кимих. Младиот универзалец неколку натпревари играл и во средниот ред, но УЕФА сепак го препозна како најдобар дефанзивец. Веројатно најдобрата партија ја одигра против Барселона во четврт финалето.

Манчестер Сити разочара во Лигата на Шампионите и минатата сезона, меѓутоа неговиот Кевин Де Бруин играше на високо ниво. Забележа два гола, две асистенции и диригираше со играта на "Граѓаните".

И на крај, најдобриот напаѓач - Роберт Левандовски. Никој не му беше ни до колена. Доколку се доделува Златна топка, без сомнение тој ќе ја освои. Само во Лига на Шампиони во 9 натпревари постигна 15 гола и подели 5 асистенции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг