Ова е првата европска престолнина која повторно се затвора: Забрането е излегување од градот, воведени се нови правила

Точка

01/10/2020

18:56

4.885

Големина на фонт

а а а

Мадрид е првата европска престолнина која повторно ќе се затвори, а лидерите од регионот денеска неволно се согласиле да ги почитуваат наредбите на централната влада за забрана на помалку важни патувања од и до шпанската престолнина, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Поради зголемување на бројот на случаи, Мадрид и уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе биде дозволено само патување поради работа, училиште, посета на доктор или шопинг, додека работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ на 23 часа.

Лидерката на мадридскиот регион, Изабел Дијаз Ајсуо, најавила дека ќе се жали на суд поради карантинот, поради одлуките кои ги налутиле граѓаните на Мадрид.

Таа рекла дека немала избор, па поради тоа одлучила засега да се согласи на карантин.

„Овој регион не се спротивставува и строго ќе се придржуваме до сите наредби. Но, ќе одиме по судови и ќе се залагаме за правата на граѓаните во Мадрид“, рекла таа.

Мадрид со 859 заразени со коронавирус на 100.000 жители е главно жариште во Европа, поради што шпанската влада во средата навечер одлучила повторно да воведе карантин.

До петок навечер ќе бидат познати сите правила за карантинот, како и тоа кога почнува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг