Дете од германско-италијански брак: "VW Karmann Ghia" го слави 65-тиот роденден

Точка

01/10/2020

17:48

1.634

Големина на фонт

а а а

Механички базиран на "Буба" на "Volkswagen", овој автомобил својот изглед му го должел на италијански дизајнер.

Минаа шест и пол децении откако првиот "Volkswagen Karmann Ghia" излегол од фабриката во Оснабрик во Германија. 

Идејата за спортски модел базиран на "Буба" потекнала од германската компанија "Karmann" која се занимавала со изработка на автомобилски каросерии.

Сепак, за дизајнот на возилото ангажиран бил Италијанец, Луиџи Сегре, од торинската куќа "Carrozzeria Ghia", од каде доаѓа и името на моделот - "Karmann Ghia".

Купето кое настанало од оваа соработка имало елегантни спортски линии и препознатлива силуета.

Откако во 1953-та година на парискиот авто-салон со успех бил претставен прототипот на автомобилот, тогашниот шеф на "Volkswagen", Хајнрих Нордхоф бил воодушевен, па наскоро започнало сериско производство.

На крајот "VW Karmann Ghia" бил полн погодок, па во 1957-ма година бил понуден и во кабриолет варијанта.

За неполни две децении од фабричката лента излегле 440.000 примероци, од кои околу 80.000 кабриолети.

Интересно е дека, кога се појавил во продажба во 1955-та година, "Karmann Ghia" бил само трети модел во историјата на VW, по славната "Буба" и комбито "Typ 2".

Иако имал дизајн на спортски автомобил, "VW Karmann Ghia" бил многу далеку до спортските перформанси.

На почетокот го придвижувал скромниот мотор од само 36 коњски сили на "Бубата". До крајот на производството, во 1974-та година автомобилот бил константно унапредуван, па располагал со 61 коњски сили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг