Денеска започнува вакцината против сезонскиот грип во Србија

Точка

01/10/2020

16:55

1.342

Големина на фонт

а а а

Во здравствените домови во Србија денеска започнува вакцинација на граѓаните против сезонскиот грип.

Државата оваа година обезбедила повеќе од 500.000 дози, околу 200.000 дози од „Институт Торлак“ и околу 344.000 доза од странски добавувачи.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера апелирал до хронично болните пациенти да се вакцинираат и да ја искористат исклучително поволната епидемиолошка состојба во врска со коронавирусот.


„Сега, најмал ризик е да одите во здравствен дом и да се вакцинирате. Вакцината против грипот многу ќе помогне во борба против коронавирусот“, рекол министерот пред новинарите во Белград.

Тој навел дека почнала дистрибуција на пневмонска вакцина во сите домови за стари лица и дека има доволно за сите корисници и за сите вработени.

„Вакцини има и за оние другите кои не се корисници на дом за стари лица, бидејќи таа покажа добар резултат и спречува поголеми последици од коронавирусот“, рекол Лончар.

Тој напоменал дека вакцините се бесплатни и дека се на трошок на државата.