Ново климатско истражување предвидува најлошо столетие во последните 12.000 години: "Имам ли верба дека нешто ќе се преземе? Не, немам"

Точка

01/10/2020

15:59

448

Големина на фонт

а а а

Резултатите од новото истражување ја потврдуваат потребата човештвото да ја намали емисијата на штетни гасови. Ледената покривка на Гренланд во спротивно е во огромна опасност, бидејќи истражувањето покажало дека во овој век може да се случи најголемата загуба на мраз во последните 12.000 години.

Тоа што истражувањето исто така го покажало е дека во овој век тој неславен рекорд би можел да биде надминат. 

Најголемата загуба на мраз на Гренланд во прединдустрискиот период е забележана во времето на раната холоценска епоха, кога се губеле по 6.000 милијарди тони мраз по столетие, а тоа е еквивалент на загубата на мраз во ова столетие.

Додека загубата на ледената маса може да се припише на големата количина на слатката вода која се влева во океаните и која ги попречува морските струји, и природното опаѓање на нивото кое е забележано во текот на вековите, моменталната загуба не ледената површина може да се припише и на човековите активности, истакнува авторот на истражувањето Џејсон Бринер, професор по геологија на универзитетот Бафало.

Причината за оваа драматична загуба на мраз во овој век е сета таа топлина на Арктикот, кој се загрева многу побрзо во просек од остатокот од планетата. Изгледа дека тоа е така поради штетните гасови во атмосферата, објаснува Бринер.

Истражувањето во кое Бринер учествувал со цела низа експерти од други подрачја на науката, го реконструирало нивото на ледената покривка на Гренланд во минатото и тимот направил единствена симулација на промените во југозападниот сектор на ледената покривка на Гренланд од периодот на холоценот до 2100-тата година во иднината.

И додека проекциите на истражувањето одат само до 2100-та година, Бринер истакнува дека сите докази кои ни се достапни велат дека ако не дојде до концентриран напор штетните гасови да се отстранат од атмосферата, тогаш ова столетие ќе ни се случи големо затоплување.

Неговото истражување не е единственото кое се занимава со оваа проблематика.

Така едно истражување направено во април 2019-та година покажало дека глечерите на Земјата губат 335 милијарди тони снег и мраз секоја година, а во август 2019-та година Гренланд забележал најголемо топење на мразот во еден ден откако постои мерењето од тој вид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг