Кој е Ѓорѓија Сајкоски – новоизбраниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

Точка

01/10/2020

09:45

5.129

Големина на фонт

а а а

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот на партијата Христијан Мицковски, вчера го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Инаку, Ѓорѓија е роден во Кичево и е доктор по историски научи. Тој е долгогодишен член на партјата и е пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Ѓорѓија бил претседател на Совет на Општина Кичево во периодот од 2009-та до 2013-та година, заменик министер во министерството за локална самоуправа, како и директор на ЈП Студенчица.

Тој синоќа се заблагодари на членството за неговиот избор:

„Почитувани членови, симпатизери, пријатели, браќа и сестри:

Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност за довербата што ми е дадена од страна на Централниот комитет и претседателот Христијан Мицкоски за да ја извршувам функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

За мене тоа претставува посебна чест и задоволство, но истовремено и обврска, заложба и борба за конечен пад на оваа не народна власт.

Претстои период на партиско сплотување, зајакнување на структурите и политики кои ќе произлегуваат од народот и за народот. Ветувам дека ќе биде отворена вратата кај мене за сите членови, симпатизери и нови луѓе, добронамерни луѓе со кои заедно ќе ја поразиме оваа власт.

Одиме заеднички во победи!

Да живее ВМРО – ДПМНЕ!

Да живее МАКЕДОНИЈА!“

Каков имот пријавил Сајкоски?

Тој на свое име пријавил стан од 61 метри квадратни во Скопје, проценет на 2.3 милиони долари.

На име на родителите пак пријавил градежно земјиште, две куќи, деловен простор во Кичево, дел од недвижниот имот е стекнат од наследство, дел со договор за купопродажба.

Анкетниот лист погледнете го ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг