Утре започнува учебната година, Царовска на Фејсбук го објави ТВ распоредот

Точка

30/09/2020

18:35

2.794

Големина на фонт

а а а

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на својот профил на Фејсбук го објави ТВ распоредот за ученици од прво до деветто одделение.

"Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици", пишува министерката во својата објава. 

Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини...

Posted by Мила Царовска on Wednesday, 30 September 2020

"Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови", пишува понатаму во објавата на Царовска.

"Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се развиваат", заклучува министерката за образование и наука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг