Ќерката на Мелита има 16 години, а веќе смени 2 професии - погледнете што прави убавата Барбара

Точка

30/09/2020

19:16

13.714

Големина на фонт

а а а

Барбара Ракичевиќ, ќерката на некогашната водителка Мелита Ракичевиќ, на јавноста ѝ стана позната откако зачекори по истата патека како нејзината мајка.

Имено, Барбара е една од водителките на естрадниот магазин „Бекстејџ“, но, можеби малкумина знаат дека таа има огромен талент за пеење.

Ракичевиќ од мала возраст посетувала часови по соло пеење, кај Николина Јаневска, а сега веќе успешно соработува со нејзината сестра, познатата пејачка Андријана Јаневска.

Барбара на својот Инстаграм профил сподели дека во текот на денешниот ден ќе излезе нејзината прва авторска песна, покрај многуте преработки што ги прави изминативе години.

Освен талентот за водителство, кој го наследила од мајка си, Барбара поседува и многу други таленти, за кои ќе пишуваме во некоја друга прилика.

Дотогаш, уживајте во „Посилно од сè“ од Барбара Ракичевиќ, позади која се потпишува Андријана Јаневска.  


Ц.Н.



Спонзорирани линкови

Маркетинг