Ова е најмоќниот и најбрз Peugeot на сите времиња

Точка

30/09/2020

15:55

1.734

Големина на фонт

а а а

Peugeot на прославата на својот 210-ти роденден го претстави својот најмоќен „патнички“ автомобил во историјата. Хибридниот Peugeot 508 Sport Engineered (PSE) располага со 360 коњски сили и фантастични спортски перформанси.

Погонскиот систем на овој plug-in хибриден автомобил се состои од два електромотори и 1,6-литарски бензински мотор. Бензинскиот мотор развива 200 коњски сили, предниот електричен мотор со 81 kW, а задниот со 83 kW. Погонот е на сите четири тркала, а вкупната сила е 360 коњски сили и 520 Nm максимален обртен момент.


Од 0 до 100 километри на час, новиот Peugeot 508 PSE забрзува за 5,2 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час. Само со електричниот погон може да се развие брзина од 135 километри на час, а дометот изнесува 43 километри.


Автомобилот располага со модифицирани адаптивни амортизери и најнови сопирачки. Возачот може да избере помеѓу пет начини на возење: електричен, хибриден, комфорен, спортски и 4х4.


Новиот Peugeot 508 PSE на купувачите ќе им се нуди како лимузина и караван, а ќе може да се изберат само три бои - црна, сива и бела. Продажбата започнува за еден месец, а цената се уште не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг