Филипче: „Причината за отказ на медицинските сестри е расправија со повишен тон, а тие се најискусни во болницата...“

Точка

30/09/2020

14:40

8.694

Големина на фонт

а а а

Трите медицински сестри кои што поднесоа оставка и заминаа на одмор поради расправии и повишен тон, одлучиле да ја напуштат Клиниката.

Тоа на министерот Филипче му го кажале на утринската средба сестрите кои што дадоа отказ.

Тие не планирале да одат на работа во приватни болници, а дали министерот усепал да ги убеди да останат на Инфективна клиника ќе се знае по завршување на нивниот одмор.

„Работат под стрес, често дежураат, а тие три се најискусни во болницата. Попладне на лице место ќе одам на Инфективна да разговарам со нивните колеги и раководители“ - изјавил Филипче.

Инаку, министерот за здравство вели дека медицинските сестри не се деградирани како профил и дека многу се вложува во нив, иако главната сестра на Инфектвната клиника токму деградирањето и непочитувањето ги наведе како причини за оставката.

Од Здружението на медицински сестри денеска рекоа дека ако не се решат нивните проблеми ќе има уште откази. Претседателката на здружението Гордана Бешлиовска, изјави дека не им е решен статусот на сестрите, односно не е дефинирана нивната работа.

„Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив. Ако не биде решен статусот, тогаш ќе се случува уште поголем одлив“ - изјави Бешлиовска. Таа вели дека проблемите што ги имаат се децениски и не е нешто што се случува само за време на пандемијата. Според нивните информации многу сестри чекаат да помине пандемијата и да си одат од државата.