Пристигнува „Borat 2“ - можете ли да го изговорите целото име на филмот во еден здив?

Точка

29/09/2020

19:55

3.708

Големина на фонт

а а а

Продолжението на планетарниот хит „Borat“ од 2006 година, за казахстанскиот новинар кој патува низ САД, веќе е во фаза на пробно прикажување, открил главниот протагонист Саша Барон Коен.

Според пишувањата на „The Guardian“, продолжението на филмот било снимено во текот на пандемијата, а истото ќе се фокусира на врската помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и контроверзниот американски милијардер Џефри Епстајн, обвинет за сексуално насилство. 

Продолжението на филмот го носи насловот „Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan“. Во јавноста се појави видео од еден возач на улица во Лос Анџелес, кој „налетал“ на снимање на една сцена од „Borat 2“.

Претходно се појави веста дека поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, го пријавил Коен во полиција по интервјуто на кое, наводно, дошол облечен во розово бикини во неговата канцеларија.


Коен се појавува маскиран во неколку верзии и во разни прилики. Исто така, минатата година се појави информација дека улогата на Памела Андерсон во филмот толку го разлутила нејзиниот тогашен сопруг Кид Рок што тој поднел барање за развод. Не е познато дали поранешната ѕвезда на „Baywatch“ се појавува и во вториот дел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг