Девојката на Бред Пит се појавила сама, без грам шминка на важен настан во Холивуд

Точка

29/09/2020

19:00

4.472

Големина на фонт

а а а

Германската манекенка Никол Потуралски е фотографирана на премиерата на новиот филм „Џим Батон и 13-те диви“, во Берлин.

Никол на настанот се појавила сама, што ги навело многумина да се запрашаат каде ѝ е новото момче, познатиот актер Бред Пит.


Меѓутоа, Никол постојано имала насмевка на лицето и видно расположена им позирала на собраните папараци.

Таа за оваа прилика облекла кожен мантил, тесни црни панталони, а овој есенски стајлинг го надополнила со кафен шал.


Исто така, таа била во целосно опуштено издание без грам шминка на лицето и многумина ги воодушевила со својата природна убавина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг