Светот уште повеќе го сака поради грубата цензура среде говорот на Ролан Гарос: Јавноста „пресуди“ колку голем човек е Новак

Точка

29/09/2020

13:23

5.801

Големина на фонт

а а а

Интернетот „гори“, јавноста го поддржува Новак, што може да се воочи и на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ во текот на обраќањето на новинарите, зборувал за чувствителни теми, за пандемијата коронавирус, па ја допрел и темата на лажните тестови, поради кои некои како Дамир Џумхур биле дисквалификувани од турнитор.

После сето тоа што се случи вчера, може да се каже дека светот сега уште повеќе го сака Новак.

„Би сакал оние кои што биле позитивни на тестот, по 24 часа, уште еднаш да беа тестирани, за да се утврди дека тоа се лажни тестови, или пак дека истите навистина се позитивни на Ковид-19.

Доколку двапати се позитивни на тестот, секако дека играчот треба да биде надвор од турнирот, но доколку станува збор за лажно тестирање, треба да им се дозволи да играат“ - започнал Ѓоковиќ да зборува, а потоа бил нагло прекинат од страна на организаторите на Ролан Гарос.

По таквата ситуација, интернетот „гори“, а јавноста го поддржува Новак, судејќи според лавината коментари на социјалните мрежи, а ние ќе ви пренесеме само неколку:



Спонзорирани линкови

Маркетинг