Точка ТВ: Мистеријата на „Дунавскиот Титаник“: Ова е најголемата речна несреќа во историјата на регионот

Точка

28/09/2020

15:36

1.288

Големина на фонт

а а а

На секој 9-ти септември Белграѓани се сеќаваат на најголемата речна несреќа на овие простори. Во 1952-ра година во водите на Сава и Дунав помеѓу Големиот воен остров и Кула Небојша потона патничкиот брод „Ниш“ и ги однесе со себе животите на десетина лица.

Tој ден интересот за редовната бродска линија Белград - Земун бил поголем од вообичаено, бродот имал капацитет од 60 места, а биле продадени 106 билети, иако преживеаните тврдат дека на бродот имало и над 150 лица.

За време на пловењето, бродот „налетал“ на силен ветар, дожд и град, а капетанот не успеал да го исконтролира и спаси пловилото. „Ниш“ потонал целосно за само 3 минути.

На патниците, од кои најголемиот дел останале заробени во внатрешноста на бродот на помош им пристигнале рибарите и малите чамци кои биле во близина. Но, бурата била немилосрдна.

Голем број на патници се удавиле пред до нив да стигнат чамците и тоа било најголемата трагедија во историјата на југословенскиот речен бродски сообраќај.

Во извештаите од тој период било наведено дека животот го загубиле 126 лица, но точниот број никогаш не бил утврден. Триесетина лица се спасиле само поради тоа што имале многу среќа, а истата ноќ од матните води на Дунав бил извлечен бродот „Ниш“.

Поради размерите, трагедијата била наречена „Дунавски Титаник“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk