Трамп: Политичарите да се тестираат на дрога пред дебатите

Макфакс

28/09/2020

08:22

768

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека ќе побара неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден да се тестира за дрога пред дебатата во вторник.

Трамп изјави дека ќе бара, пред или по предизборната дебата закажана за во вторник, неговиот противкандидат да биде тестиран за присуство на наркотици во телото. Тој додаде дека, се разбира, и самиот ќе се согласи на тестот.

Според американскиот портал Хил, Трамп и претходно барал кандидатите да се тестираат за присуство на дрога пред предизборните дебати.

Првата дебата меѓу Трамп и Бајден во пресрет на изборите во ноември е најавена за во вторник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг