[ВИДЕО] Бебе паднало од четврти кат на втор: Се лизгало по лимениот покрив, паника во целото маало, спасувачката акција станала вирална

Точка

02/05/2024

13:04

1.281

Големина на фонт

а а а

Седмомесечно бебе кое паднало од четвртиот на вториот кат предизвикало паника во предградието на индискиот град Ченаи.

Случајни минувачи кои во тој момент се нашле на местото на настанот се здружиле за да го спасат бебето, а видеото кое тогаш било направено станало вирално на социјалните мрежи.

На видеото, снимено во предградието Авади, се гледа бебето како лежи на работ од лимениот покрив на станбена зграда додека испаничените мажи се обидуваат да бидат брзи и да го однесат на безбедно пред да се лизне понатаму.

На видеото можат да се чујат вресоците на набљудувачите додека тројцата мажи се обидуваат да се качат од првиот кат и да дојдат до бебето, а останатите држат постелнина како би го фатиле бебето доколку се слизне.

На крајот, еден од мажите успева да дојде до бебето и да го однесе на сигурно.

Полицијата соопштила дека бебето паднало додека мајката го доела на балконот и дека ќерката ѝ се лизнала од раце кога се обидела да посегне по џогерот.

„Паднала кога мајката ја доела. Видеото и спасувањето се автентични. Не одбивме никаква формална жалба. Детето е добро“, било наведено во соопштението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг