„Со тешко срце го кажувам ова, но таа умира“: Пријател на актерката од „Беверли Хилс“ изнел детали за нејзината здравствена состојба

Точка

26/09/2020

18:38

10.010

Големина на фонт

а а а

49-годишната Шенон Доерти верувала дека го победила ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран пред 5 години, но во февруари оваа година тој ѝ се вратил, се проширил на нејзините лимфни јазли и преминал во четврт стадиум.

Со оглед на фактот што се повлече од јавноста, многумина се прашуваа како е Шенон, а одговорот на тоа прашање сега го дал нејзиниот колега од серијата, Џејсон Присли. 

„Шенон е борец и отсекогаш била борец, и знам дека ќе продолжи да се бори колку што може“, изјавил Џејсон, кој го глумеше нејзиниот брат Брендон во серијата „Беверли Хилс“.

Покрај Џејсон, изјава за американските медиуми дал уште еден пријател на Шенон кој сакал да остане анонимен, а неговата изјава растажи многу обожаватели бидејќи открива сосема поинаква слика за здравјето на актерката.

“За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да ја дочека 2021 година. Таа умира. Ова го велам со тешко срце, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро”, изјавил изворот близок до актерката.

За потсетување, Шенон кон крајот на февруари им се обрати на следбениците по пат на Инстаграм и ги сподели лошите вести за враќање на карциномот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг